Банда во Дубаи украла редок дијамант: Радоста им траела 8 часа - полицијата ги фатила со ВИ

 

Полицијата во Дубаи соопшти дека уапсила крадци кои украле редок розов дијамант вреден 25 милиони долари неколку часа по кражбата, објави VAM.

Полицијата соопшти дека крадците побарале од трговец со дијаманти да го донесе скапоцениот камен во вила за наводен клиент.

Но, кога трговецот пристигнал, бандата го украла дијамантот, се додава во соопштението.

За помалку од осум часа, тројца лица беа уапсени, делумно благодарение на употребата на најновите технологии за вештачка интелигенција.

Видео снимките што ги сподели полицијата ги прикажуваат тројцата мажи, со заматени лица, по апсењето, како и снимки од бандата од безбедносните камери.

Дубаи е главен центар за трговија со дијаманти.

Обединетите Арапски Емирати редовно ја истакнуваат безбедноста на својата територија.

18.08.2025 - 18:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега