Прегазен малолетник во Велес


Вчера во 21.55 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35 – годишната М.Р. од Велес, удрило во малолетен пешак.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општа болница Велес.

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

07.05.2024 - 12:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега