Пожар во Раштак: Градежни работници пресекле кабел за струја и од искрите настанал пожар

Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во с.Раштак, скопско.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека неколку лица градежни работници, кои биле ангажирани преку градежна фирма да работат на еден плац, исекле кабел за електрична енергија и од искрите настанал пожар при што биле опожарени сува трева, нискостеблеста шума и една бандера на ЕВН, која паднала и предизвикала пожар во дворовите од викенд куќите на Б.П.(69) и И.А.(56), двајцата од Скопје. П

ожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

07.08.2024 - 16:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега