ВМРО-ДПМНЕ: Очекувавме повеќе разум од СДС, очигледно не можат да се ослободат од криминалците кои уште долго ќе ги влечат надоле


Очекувавме повеќе разум од СДС, очигледно не можат да се ослободат од криминалците кои уште долго ќе ги влечат надоле, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 
 

„Жално е да се гледа како СДС нема сила и храброст да се отргне од мафијашите кои им ја држат заробена партијата.  

СДС стана дувло за закрила на пар криминалци, кои ги имаат личните интереси пред се.  

Државата има потреба од нормална и конструктивна опозиција, а не опозиција која секое свое делување ќе го насочува кон заштита на поединци кои се огрешиле пред законот“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

 

 
09.09.2024 - 14:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега