Полицијата во акција: Приведени 12 лица


Полицијата за само еден ден уапси 12 лица поради дрога и оружје.

Денеска во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен С.Б. (30) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР, а по наредба од КПУ Идризово поради бегство од затворот. С.Б. е осуден на казна затвор од седум години и шест месеци поради сторено кривично дело по член 215 ст. 1 од КЗ, а за доиздржување има четири години, три месеци и 12 дена. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Денеска во 00.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Л.(43) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во 23.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Л.В.(20) од Скопје, поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. 

Денеска во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.(29) од с.Визбегово, скопско, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

Денеска во 04.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Н.(19) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. 

Денеска во 01.10 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Љ.(38) од с.Грчец, скопско, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

Вчера во 22.30 часот во с. Сарај, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(18) од с.Крушопек, скопско, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „зораки“, една рамка со три куршми и нож.

Вчера во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода У.К.(21), Б.Ц.(21) и Ј.У.(30) сите од Р.Турција, а со престој во Скопје, поради тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. 

Вчера во 13.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.А.(19) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. 

Вчера во 12.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(20) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

 

Вчера во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Д.(19) од с.Морани, скопско, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „зораки“, една рамка и 61 куршум.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

 

09.09.2024 - 12:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега