Сеќавање на Бора: Ова се песните што ја обележаа младоста на неколку генерации
На 72-годишна возраст денеска почина Бора Ѓорѓевиќ, познат и како Бора Чорба, оставајќи длабока трага на домашната музика.
Бендот „Рибља чорба“ е основан во 1978 година и важи за еден од најзначајните рок бендови од овие простори, а Бора стана еден од најконтроверзните музичари во Југославија поради неговите провокативни и социјално ориентирани текстови. За кратко време групата се стекна со голема популарност која трае до ден денес. По објавувањето на албумот „Коза ностра“ во 1990 година, Бора беше обвинет за „навреда на работничката класа на Југославија“, но обвиненијата беа отфрлени.
Една од првите песни што доби голема популарност е „Рокенрол за кучни савет“ од 1979 година, а на деби албумот „Кост у грлу“ се најде и хитот „Остани џубре до краја“.
По кратка пауза поради отслужување на воениот рок, групата се враќа во полна сила и во 1981 година го издаваат хитот „Остачу слободат“, а песната „Два динара друже“ е првата песна со која „Рибиља чорба“ се најде на хит 202.
На третиот албум од истата година имаше песни како „Пекар, пекар, апотекар“, „На западот ништо ново“, „Волим, волим жене“…
Во средината и доцните осумдесетти, тие успеаја да си го обезбедат местото како еден од ретките најпопуларни бендови во Југославија, а потоа следуваа хитовите „Када падне ноч“, „Авиону сломичу ти крила“, „Ја је гледам како спава“, „Где си у овом глувом хотелу“…
Деведесетите беа одбележани со успешната работа на групата, а и покрај лошите политички услови успеаја да опстанат, благодарение на песните „Кад сам био млад“, „Зелена трава дома мог“, „Гастрабајерска песма“…
Во 2001 година „Рибља чорба“ го издава албумот „Пишање уз ветар“ на кој се најде големиот хит „Љубав овде више не станује“, а по овој албум Бора продолжи со тажни љубовни песни кои биле инспирирани од настани од неговиот приватен живот.
Чорба имаше многу фанови и веројатно еден голем дел од нив имаат свои омилени песни. Лутка, Амстердам, Жика, Анџеле... и уште многу кои што ја одбележаа младоста на неколку генерации
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа