Повторно се запали автобус на ЈСП при движење

 

Не запира хаосот во јавното сoобраќајно претпријатие. Повторно се запали автобус кој сообраќал по рутата кон Злокуќани, за среќа нема повредени во инцидентот. Интервенирала и противпожарна единица, а причините за несреќата допрва треба да се утврдуваат.

По денешниот инцидент со соопштение излегоа и од Град Скопје од каде ја обвинуваат владеачката ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски за настанатиот хаос во ЈСП. Според нив блокадата во советот била главна причина за лошата состојба.

19.11.2024 - 18:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега