Стојаноска: Покачувањата на платите се одговор на домаќинското работење на ВМРО-ДПМНE

 

„Се покачија платите во образование, веќе вработените ги примија покачените плати. Со овој буџет ќе се покачат платите и на административците и на полицајците и еве денес како што излезе и веста ќе се покачат и на здравствените работници“ , говореше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, на вечерашното гостување на Канал 5 телевизија во емисијата „Само вистина“, каде за почеток се зборуваше за поднесените 200 амандмани од СДС меѓу кои  се бара и покачување на плати.

Стојаноска посочи дека заклучно со завршување на мандатот предвидено е да се зголемува процентот во однос на покачување на платите. Напомена дека иако Владата на ВМРО-ДПМНЕ затекнала празна каса на буџет, успешно успеале да ги сервисираат долговите.

„До крајот на мандатот предвидено е до 40% зголемување, а до крај на 2024 година сите здравствени работници ќе примат плус 2 450 денари, а средниот медицински персонал 3 850 денари до крајот на оваа година што за мене е добар знак. Е малку но е добро, ако во ова време навреме начекавме речиси празна каса на буџет со ребалансот се обидовме да изнајдеме средства, да се исплатат тие неисплатени плати од претходната влада во заминување“ , децидна беше Стојаноска.

Стојаноска јасно даде до знаење дека ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе продолжи да работи во делот на зголемување на процентот на висина на плати, да се создадат услови за истото затоа што граѓаните се на прво место.

„Со овој буџет предвидени се вакви покачувања на плати и тоа за мене е добар сигнал и сметам дека потребно е сите постепено да стануваат задоволни. Ние како ВМРО-ДПМНЕ дел од извршната власт и во иднина ќе се трудиме да не биде толку. Дај боже да биде и повеќе од 40% до крајот на мандатот“ , заклучи Стојаноска.

 
19.11.2024 - 19:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега