За Коце нема зима: За прв пат зимско асфалтирање во Македонија
Од Страцин до Крива Паланка по експресен пат ќе се вози од Нова Година. До тогаш ќе заврши асфалтирањето на останатиот дел од делницата. Од Крива Паланка до Длабочица во должина од 10 км е веќе готов и овде се поставува електрично осветлување и еластична одбојна ограда. Во увид на градежните работи на експресниот пат беше директорот на ЈПДП.
Експресниот пат се асфалтира во зимски услови што е за прв пат во Македонија.
На овој начин ќе продолжат градежните работи и на автопатот Кичево – Охрид.
Асфалтирање во зимски услови со користење на адитиви е ново кај нас а се овозможи со законски измени кои беа направени со цел градежните работи да не запираат при пониски температури. По овој принцип се градат патиштата во западноевропските земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа