Радев: Бугарија нема да поставува нови услови, чекаме почитување на Договорот и протоколите

 


Има Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и во него има два протокола. Има преговарачка рамка од 2022 година, европски консензус на сите земји членки и од власта на Северна Македонија, така што Бугарија никогаш не поставила и не нема да постави услови надвор од тој договор, надвор од преговарачката рамка и надвор од двата протоколи.

Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев, одговарајќи на новинарско прашање дали Бугарија има цврста гаранција дека нема повеќе да има никакви условувања доколу Бугарите влезат во уставот на Македонија.

- Ние сакаме час поскоро се што стои во тие документи да се запази. Тоа што сакаме да го видиме е навистина запазување на човековите права. Станува збор за човекови права, чекаме трета година да се отвори процесот на присоединување и да почнат преговори со Северна Македонија и со промени во Уставот. Моето прашање е зошто тоа не се случува, изјави Радев, по денешната заедничка прес-конференција со претседателката на Македонија Гордана Сиљановска – Давкова и албанскиот претседал Бајрам Бегај, кои учествува на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

На прес – конференцијата Радев упати порака дека не станува збор за вето или успорување на процесот од соседна земја.

- Зборуваме за внатрешни предизвици поврзани со човековите права и владеењето на правото. Уште еднаш сакам да ве уверам дека Бугарија како најблиска пријателска земја има желба, е подготвена и пружа рака да биде од помош за да може вашето раководство во државата и општеството со забрзан чекор да ги примени и спроведи Копенхашките критериуми. Тоа сето е насочено кон иста цел сите земји да се приклучат и да станат членки, истакна бугарскиот претседател Радев.

Сакам да ве уверам дека Бугарија како долгогодишен член на ЕУ и иден претседавач со оваа иницијатива, посочи тој, со конструктивна надворешна политика ги поддржува процесите за да станеме уште поблиски за интеграција во ЕУ и ќе биде конструктивен и одговорен партнер во постигнувањето на заедничката иднина за сите граѓани од регионот.

16.06.2025 - 20:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега