Таравари: Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава

 


Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека зголемувањето на платите за здравствените работници во наредните четири години ќе биде помеѓу 40 и 50 проценти.

„Изворедна вест. Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава. Благодарност до Владата и синдикатите, кои се согласија на овој договор, кој ќе влезе во светлите страници на оваа земја“, соопшти Таравари.

Претходно, и премиерот Христијан Мицкоски им се заблагодари на синдикалните организации и на синдикатите, кои конструктивно учествуваа со нивните идеи за време на целиот процес заедно со претставниците на синдикатите, Министерството за финансии, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, како и другите што беа вклучени.

Со овој постигнат договор, според соопштеното од страна на надлежните, веќе в година во март ќе има дополнително зголемување од 5 проценти на сумата наменета за плати за здравствените работници, а во 2026 година тоа ќе биде од 5 до 7 проценти. Истото зголемување од 5 до 7 проценти ќе се реализира и во 2027 година, а во 2028 година ќе биде од 7 до 10 проценти.

Или, како што е истакнато во соопштението на Таравари, ако се земе целиот период последователно, се добива зголемување на износот на средствата потребни за исплата на платите на здравствените работници за целиот период помеѓу 40 и 50 проценти.

19.11.2024 - 14:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега