Инцидент во Прилеп: Му го украл пиштолот на полицаецот додека го приведувал и избегал
Прилепчанец му го украл пиштолот на полицаец додека го приведувал и избегал.
Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од ОВР Прилеп, додека постапувале по наредба од Основен суд Прилеп за приведување на С.Ќ. на ул.„Дебарца” во населба Тризла во Прилеп, биле физички нападнати од С.Ќ., кој му го одзел службениот пиштол на еден од полициските службеници, и се дал во бегство.
Во исто време, се собрала поголема група на луѓе кои на полициските службеници им упатувале закани и навреди.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
29.04.2025 - 13:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа