Почина Тото Кутињо

 

 

Италијанскиот пејач, музичар и текстописец Тото Кутињо почина на 80-годишна возраст, јавуваат италијанските медиуми.

Починал во болницата во Милано каде бил хоспитализиран.

Веста за италијанската агенција Анса ја потврдил неговиот менаџер Данило Манкузо, кој објаснил дека „по долго боледување, состојбата на пејачот се влошила во последните месеци“.

Кутињо победи на бројни натпревари и фестивали низ Италија, а победи и на Евровизија во 1990 година во Загреб со песната Insieme.

На познатиот фестивал во Санремо учествувал 13 пати, првпат во 1976 година, со групата „Албатрос“, кога го освоил третото место.

Соло кариерата ја започна во 1978 година.

Тој го освои Санремо во 1980 година со песната Соло нои, а шест пати го зазема второто место.

22.08.2023 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега