Паднаа цените на нафтата на меѓународните пазари
Цените на нафтата паднаа за околу 1 процент на меѓународните пазари.
Цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 93 центи. На американскиот пазар барелот се продаваше по пониска цена од 1,03 долари, по 82,81 долар.
Индексот на доларот продолжи да расте откако малку поголемиот пораст на цените на производителите во САД во јули ги зголеми приносите на државните обврзници. Посилниот долар врши притисок врз побарувачката за нафта бидејќи ја прави стоката поскапа за купувачите кои поседуваат други валути.
Исто така, се очекува дека намалувањето на производството од страна на членките на ОПЕК +, Саудиска Арабија и Русија, ќе ги намали залихите на нафта и потенцијално ќе ги зголеми цените уште повеќе во остатокот од годината, објави во петокот Меѓународната агенција за енергија во својот месечен извештај.
Денеска, портпаролот на „Шел“ изјави дека извозот на нигериската сурова нафта „Форкадос“ е обновен, околу еден месец откако товарењето на нафтената марка беше запрено поради потенцијално истекување на извозниот терминал.
Поради оваа суспензија, во јули, Нигерија беше втората земја што придонесе за пад на производството на сурова нафта во ОПЕК, според истражувањето на Ројтерс. ОПЕК одделно објави дека во петокот цената на барел кошничка нафта на нејзините членки паднала за 78 центи, на 88,97 долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа