Орбан: Нема да ѝ даваме повеќе пари на Украина

 

 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Будимпешта се противи на намерата на Европската Унија да испрати повеќе средства во Украина.

Орбан оцени дека барањето на Европската комисија, Унгарија да додели дополнителни средства е смешно, а на Будимпешта, како и на Варшава, ѝ се одбиени парите од фондовите на ЕУ за реконструкција поради спор за владеењето на правото.

„Ние Унгарците нема да ѝ дадеме повеќе пари на Украина додека не ни кажат каде отидоа речиси 70 милијарди евра од средствата“, рече Орбан, пренесува „Ројтерс“.

30.06.2023 - 20:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега