Нови именувања на директори на клиники

 
Министерствотот за здравство информираше дека министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во изминатите неколку дена именуваше нови в.д. медицински директори во следните јавни здравствени установи: 
 
На Универзитетска клиника за дигестивна хирургија за директор е именуван проф. д-р Огнен Костовски 
На Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија за директор е именуван прим. д-р Оливер Зафировски 
На Универзитетска клиника за детски болести за директор е именуван д-р Реџеп Мемеди 
Во Градска општа болница „8 Септември“ за директор е именуван проф. д-р Синиша Стојаноски
11.07.2024 - 13:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега