Нови детали: Остатоци пронајдени недалеку од Титаник, експертите истражуваат дали се од „Титан“

 

Пловило со далечински управувач кој трага по исчезнатата подморница Титан пронајде место со остатоци во полето за пребарување недалеку од Титаник, објави американската крајбрежна стража.

Би-би-си јавува дека експертите сега ја проучуваат оваа информација.

Не е јасно дали овие остатоци се поврзани со исчезнатата подморница, соопшти крајбрежната стража. Прес-конференција е најавена за 20:00 часот по Гринич (22:00 часот по средноевропско време).

Бродот со далечински управувач кој може да стигне до дното на Атлантикот и да испрати слики на површината е нарачан од француски истражувачи.

Уредот, наречен Виктор 6000, има и два механички краци кои можат да вршат многу чувствителни операции, како што се сечење и отстранување на остатоци.

Полето за потрага по исчезнатата туристичка подморница која во неделата се упати кон потонатиот брод Титаник на длабочина од 4.000 метри е проширена на повеќе од 16.000 квадратни метри.

Контактот со подморницата, во која имало пет лица, бил изгубен час и 45 минути откако таа потонала.

22.06.2023 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега