Собранието бара нови лустратори
Македонкото Собрание на денешната, трета седница донесе одлука дека во овој мандат, покрај Претседателот, со Законодавниот дом ќе раководат и тројца потпретседатели. Покрај оваа одлука, Собрнаието распиша и оглас за избор на нови 11 членови на Комисијата за верификација на фактите, откако последниот избор пропадна по распишувањето на предвремените парламентарни избори.
Пратениците ги усвоија и предлог-одлуките за основање постојани работни тела на Собранието, за основање делегации, пратенички групи и други облици на остварување на меѓународната соработка на Собранието на Република Македонија и за објавување оглас за избор на членови на Комисијата за верификација на фактите.
Во новиот пратенички состав коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник, ДУИ 19, ДПА 7, ГРОМ 1 и НДП 1. СДСМ освои 34 пратенички места, но одлучи да не учествува во работата на Собранието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа