Градоначалничката на Кисела Вода додели 35 решенија за легализација на дивоградби

 

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, денеска на 35 граѓани им врачи решенија за легализација на дивоградбите, со што бројот на вкупно решени предмети за легализација достигна 1.600.

Од вкупно регистрираните 11.871 дивоградба за кои е поднесено барање за легализација во Кисела Вода, 5.130 предмети се во административна постапка, а исто толку се и со нецелосна документација (најчесто недостасува Геодетски елаборат).

 

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ истакна дека 22 предмети се препратени во надлежност на други општини, 15 се примени од други општини, а четири се одбиени.

 

- Имајќи предвид дека половина од предметите се некомплетни, апелирам до граѓаните кои се уште не ја комплетирале целосно потребната документација, тоа да го сторат што поскоро, како би можеле во најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби, а процесот на легализација да заврши во законски утврдениот рок, посочи Беличанец - Алексиќ.

Истовремено, ги потсети сите правни и физички лица на кои им е изготвена урбанистичката согласност, во најкраток можен рок да го платат надоместокот, за да може да се продолжи постапката за изготвување на решенијата за легализација на објектите.

ФОТО: А1.он

најчитано сега