"Возете велосипед" во центарот на Скопје

Градот Скопје и Велосипедската федерација на Македонија утре под мотото "Возете велосипед" организираат промотивно возење со велосипед низ центарот на Скопје.

 Манифестацијата ќе започне во 9 часот на плоштадот "Македонија" и велосипедистите ќе возат наулица "Димитрие Чуповски", булевар "Свети Климент Охридски", десно по булевар "Партизански Одреди", десно по булевар "Мито Хаџивасилев Јасмин", лево по улица "Никола Кљусев" (поранешна Максим Горки)  до плоштадот "Македонија".

 На манифестацијата ќе присуствува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

 Целта на оваа манифестација е промоција на велосипедот како алтернативно превозно средство, чие масовно користење има голем број на позитивни продобивки - еколошки, здравствени и финансиски.

ФОТО: Нетпрес

најчитано сега