Дибиров: Флензбург нема претстава каков пекол го чека во Скопје
Најдобриот стрелец во тимот на Вардар во Лигата на шампионите, ТимурДибиров немаше свој ден на мечот во Флензбург, постигнувајќи само три гола од 11 обиди, но за рускиот интернационалец најважно е тимот да победува, а не поединците.
“Немав ден на средбата во Флензбург, ниту јас ниту Душебаев. Но, во Скопје сигурно „ќе ги растуриме“. Тие воопшто немаат претстава каков пекол ги чека тука” - Дибиров.
Левото крило на Вардар, трипати ја погоди стативата, двапати реализираше од седум метри, но секогаш оптимист, Дибиров смета дека во реваншот поважно е тимот да победи, отколку тој да даде повеќе голови.
“Немав среќа на овој натпревар, но тоа е спортот. Има и вакви натпревари. Сепак најважен е резултатот на екипата, а не моите голови. Ако треба ќе помагам само во одбрана, но важно е да продолжиме понатаму. А таму одат големи екипи, а не големи играчи” - смета Дибиров.
Тој со трите гола постигнати во Германија сега има вкупно 69, исто колку и Кирил Лазаров, и останува во Топ-10 на најдобрите стрелци во Лигата на шампионите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа