Кил го прегази Металург среде Скопје

 

жКил среде Скопје го прегази Металург во рамките на четвртфиналето од Лигата на Шампионите. Германскиот тим славеше со 10 разлика во меч во кој Металург немаше никакви шанси. По 60те минути, на семафорот во Борис Трајковски стоеше 21:31.

Дејан Манасков беше најефикасен во таборот на Металург со шест погодоци, пред Атман со четири и Циндриќ, Вугринец и Златко Мојсоски со по три постигнати гола. Најпрецизни севкупно на натпреварот беа Вујин со осум и Палмарсон од таборот на Кил со седум погодоци, пред Винцек и Екберг со по пет, но мора да се истакне и одличното издание на голманот Сјестранд, кој одбрани четири пенали и севкупно стигна до 13 успешни интервенции.

19.04.2014 - 20:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега