Металурзите на своите фанови им порачаа во сабота „Борис Трајковски“ го обојат во сино

 

Ракометарите на Металург упатија порака до своите фанови, во сабота да ја наполнат и обојат во сино салата „Борис Трајковски“, на мечот со германскиот ракометен гигант Кил. 

-Сите наши фанови кои поседуваат фан дресови, маички..., а и сите останати со својата облека да придонесат во составувањето на мозаикот кој ќе го види цела ракометна Европа. Да им покажеме на нашите ракометни јунаци долу на теренот дека ја имаат нашата подршка во најголемата битка која нашиот Металург ја имал во својата историја, порачуваат од Металург.

Вратите за сите љубители ќе бидат отворени во 16:30 часот, а на главниот блез сите посетители ќе можат да се подготват за навивање. Фан шопот и специјално подготвениот простор за цртање (шминкање) ќе бидат на располагање.

18.04.2014 - 13:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега