Червар: Публиката ќе биде нашиот вишок играч на теренот во сабота протв Кил

 

Тимот од Авто Команда Металург го игра првиот меч во рамки на двобојот во четврфиналето во ЛШ против германскиот претставник Кил. 

Стратегот Червар најави дека станува збор за силен и квалитетен противник и дека нема дилеми околу тоа кој ја има фаворитската улога. Но додаде дека домашниот терен треба да биде предност за нас. 

Червар истакна дека нема да се предаде предвреме м и дека со помош на публиката и 100% влог на ракометарите во овој меч, ќе биде поттик за солиден резултат и еден вид на подарок за сите фанови на Металург. 

-Тоа ќе биде посебна сабота, ден пред големиот празник Велигден. Еве тоа нека биде наш подарок за големиот празник за сите наши фанови кои беа со нас во текот на целата година. Ете, на тој начин сакам да им се заблагодарам за големата поддршка која ни ја пружија. Навистина ми е жал што сите кои сакаа не можеа да дојдат до билет, да се прашувам јас сите би ги пуштил внатре па нека „гори“ салата “Борис Трајковски“, вели Червар кој притоа додаде дека ќе бара од играчите да го дадат максимумот и да го остават срцето на теренот.

Според еден од најдобрите ракометари на Металург Филип Миркуловски за победа над Кил ќе биде потребна и поддршка од фановите.

-Како и секогаш треба да го дадеме максимумот, а се разбира ќе треба и публиката која ќе биде присутна да даде се од себе и заедно да направиме позитивна и победничка атмосфера и секако да го совладаме Кил. Тие се голема екипа, ќе дадат се од себе, ќе сакаат да победат на овој натпревар, но ние сме тука да им го скратиме тоа задоволство. Последен натпревар ни е пред домашна публика, па посакувам сите заедно да се радуваме и да излеземе како победници во дуелот со Кил, изјави Филип Миркуловски.

Натпреварот се игра во сабота со почеток во 18:30 часот во салата „Борис Трајковски“, а како што е познато билети во продажба повеќе нема. Од Металург апелираат до фановите со фер и коректно навивање да дадат голема поддршка на ракометарите во остварувањето на целта.

17.04.2014 - 14:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега