Вечерва сите пред телевизорите - на повидок мега „Ел класико“

 

Големите не само шпански, туку и планетарни ривали Барселона и Реал Мадрид вечерва на „Местаља“ во Валенсија ќе се борат за трофејот во фудбалскиот куп на Шпанија.

По елиминацијата во Лигата на шампионите, како и заостанувањето од четири бодови зад лидерот во Примера, Атлетико Мадрид, за екипата на Барселона вечерашниот натпревар против Реал ќе биде обид да се спаси сезоната.

Двата првенствени натпревари во тековната сезона ги добија Каталонците со 2:1 и 4:3, но овој пат на вечерашниот натпревар не ќе може да сметаат на повредените Валдез и Пике.

Кај екипата на Реал под знак прашалник е настапот на најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо.

Вечерашното „Ел класико“ ќе биде седмо во финалните натпревари на „Копа дел Реј“, а на досегашните двата тима имаат остварено по три победи.

Последниот дуел му припадна на Реал, кој во продолжението со 1:0 ја победи Барселона во финалето одиграно 2011 година.

Почетокот на ова големо дерби е закажам за 21 часот и 30 минути.

16.04.2014 - 17:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега