Од Металург им порачаа на своите фанови да го задржат нивото на навивање со Кил пред европската јавност

 

Ракометниот вицепрвак на Македонија екипата на Металург, во сабота го игра мечот против германскиот претставник Кил во рамки на првиот меч од четвртфиналето во ЛШ. Од таму упатуваат апел до навивачите да го задржат нивото на навивање на високо ниво, како и досега, и да се прикажат во најдобро светло пред европската јавност. 

Дека мечот со Кил ќе биде под посебен мониторинг на ЕХФ, го потврдува фактот што истиот ќе биде под водство на тројцата делегати: Клаус-Дитер Конвенц (Белгија), Тоно Хосе Хуелин (Шпанија) и Петер Хансон (Шведска).

Од ЕХФ упатија и директен апел до менаџментот на македонскиот клуб изразувајќи му целосна поддршка за тоа што го работи во последните три сезони и упати низа комлименти за досегашната организација на натпреварите од елитното европско натпреварување.

Истовремено, ЕХФ побара од РК Металург да го задржи високото организациско ниво и да направи се, натпреварот со Кил да биде уште еден ракометен празник во Скопје, соопштуваат од Металург.

Од клубот ги известуваат сите што сакаат да присуствуваат на овој настан во СЦ „Борис Трајковски“ да се придржуваат до следните препораки:

- Без обезбедена влезница или акредитација, да не се тргнува кон СА „Борис Трајковски“.

- Да не се носат метални предмети, особено монети и запалки, лименки и пластични или стаклени шишиња.

- Доколку сепак бидат откриени метални и други тврди предмети, обезбедувањето на влезовите ке ги одземаат без исклучок.

- Да се запази нумерацијата на седиштата во салата и да не се заземаат туги места.

- Да не се седи на скалите, бидејќи делегатите нема да дозволат почеток на натпреварот се додека не се создадат услови за игра.

- Да не се фрлаат на теренот никакви предмети, па дури и од мек материјал, што подразбира максимална воздржаност.

РК Металург го упатува овој апел со цел уште еднаш да покажеме дека Скопје во моментот е центар на ракометна Европа, со изграден имиџ на ракометен град во које се игра жестоко, но се навива пристојно и во рамките на коректноста.

16.04.2014 - 13:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега