Нова спортска опрема за фудбалерките од Ѓорче Петров

 

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров Сокол Митровски им доделил комплет спортска опрема на женскиот фудбалски клуб „ Единство-Ѓорче Петров“. Овој клуб е формиран 1980 година и своевремено се натпреварувал во првата југословенска женска фудбалска лига. По распаѓањето на  некогашна Југославија клубот останал без средства за нормално функционирање.

-Челниците на клубот пред четри месеци тропнаа на вратата на градоначалникот Митровски од кого добија целосна поддршка и им беа овозможени нормални услови за нормално функционирање на клубот. Благодарение на таа соработка со општината „Единство –Ѓорче Петров“ стана финалист на Купот на Македонија и се наоѓа на самиот врв од табелата. Доделувањето на опремата е само дел од предвидените активности, во рамките на своите можности, кои општината ги планира за нормално функционирање на ситеклубови кои егзистираат во Ѓорче Петров. стои во соопштението од Општината.

 

 

најчитано сега