Македонија и Албанија со здружени сили ќе ловат туристи

 

Водени од потребата за соработка во полето на активен развој и промоција на заедничката туристичка понуда, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Република Македонија и Националната Агенцiја за туризам на Република Албанија, вчера потпишаа договор за меѓусебна соработка.

Целта на потпишување на меморандумот за соработка е да се зајакне заедничкото претставување на турисичката понуда и посветеноста за привлекување на странски инвестиции кои ја имаат Република Македонија и Република Албанија.

Со меморандумот за соработка двете страни потписнички се согласија да соработуваат во поглед на креирање на заеднички туристички производ базиран на култура, традиција, историја и природните убавини. Меморандумот опфаќа и соработка во размената на практички искуства и информации, но и проекти со цел заштита на природата и регионален оддржлив развој.

Имено, една од целите за потпишување на меморандумот за соработка е и идејата за заедничко планирање и организирање на Самитот за активен туризам на земјите од Западен Балкан кој ќе се оддржи во Република Македонија во 2015 година.

 

 

 

 

28.03.2014 - 10:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега