Засвете крст висок девет метри кај росоманското село Камен Дол
Голем осветлен метален крст се поставува на ридот близу росоманското село Камен Дол.
- Иницијативата за изградба на вакво нешто дојде од младите жители на селото Камен Дол. Во близина на нивното село е познатото светилиште кое се вика спровирачка. Станува збор за карпа со отвор над селото низ која секој Ѓурѓовден се спровираат за пород и воопшто за среќа. Тука доаѓаат луѓе од цел свет. Како важна туристичка дестинација младите од селото сакаа да ја направат неа уште поатрактивна. И тоа не е се. Тие самите на грб долго го носеа металниот крст за да го постават горе над карпата на тешко пристапен терен, вели росоманскиот градоначалник Стојанче Лазов.
Крстот е висок девет метри, со распон од шест метри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа