Контролите покажаа: Квалитетот на водата во Охридското езеро од прва и втора категорија

Спроведените контроли на квалитетот на водата на Охридското езеро, покажуваат дека водата е од прва односно втора класа, што е во рамките на дозволените стандарди.

На денешната прес-конференција во Центарот за јавно здравје во Охрид беше истакнато дека од спроведените анализи на 21 примерок вода од езерото земени на потегот од Свети Наум до Радожда на македонскиот дел на езерото, водата на источниот дел од крајбрежјето е од прва класа, додека од втора класа водата е на оние места во близина на градовите и на местата каде се влеваат притоките од езерскиот слив, кои и натаму се најголемите загадувачи.

- Водата во реките Коселска, Сатеска и Велгошка и натаму е неповолна за квалитетот на водата во езерото односно сите три реки се со вода од трета класа, што не е во согласност со стандардите од Уредбата за класификација на водите, истакна Сашо Точков од Центарот за јавно здравје во Охрид.

Што се однесува на квалитет на водите водата од селските водоводи и натаму се јавува проблемот околу дезинфицирањето на водите односно хлорирањето на водата со дезинфекционо средство.

Во текот на мај ќе биде спроведна контрола на квалитетот на водата од сите јавни чешми во регионот на Охрид, за да се утврди состојбата со оглед на очекуваните пообилни врнежни од дожд во периодот што следува како и поради топењето на снегот од планините што секако влијае врз квалитетот на водите од подземните извори.

26.03.2014 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега