Уживајте бесплатно на три претстави во Драмскиот театар

 

Драмски театар-Скопје задутре ќе го одбележи Светскиот ден на театарот со три бесплатни претстави - „Последните Македонци“ од 12 часот, „Чија си“ од 18.00 и „Огнени јазици“ од 21 часот. Меѓу претставите театарот организира и дружење со публиката, разговори за театарот, музика во фоајето, изложби и штанд со книги од „Матица“. 

- Драмски ќе ги отвори вратите за својата ценета публика и ќе имаме целодневно театарско дружење. Билетите се бесплатни зашто сакаме да ја почестиме публиката на Светскиот ден на театарот, рече денеска на прес-конференција Роберт Велјановски, директор на ДТС.

Задутре гости на ДТС ќе бидат децата од СОС Детско село, чии цртежи ќе бидат во фоајето, заедно  со изложбата на слики од Урош Вељковиќ. Во паузата меѓу првата и втората претстава ќе се пушта музика, а меѓу врората и третата, т.е. од 20 до 21 часот ќе настапат Џон Илија Апелгрин и Петар Ренџов.

Како и во изминатите години, Светскиот ден на театарот ќе биде одбележан со читање на македонската и на светската порака. Годинава нив ги напишаа актерката Звезда Ангеловска и режисерот Брет Бејли. Во Драмски тие снимени ќе се читаат во фојаето на секој час.

25.03.2014 - 15:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега