Канческа-Милевска во посета на Штип

 

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе ја посети црквата „Св. Архангел Михаил“ во Штип.

За време на посетата министерката ќе присуствува на одбележувањето на древниот обичај „Чет'рсе – празнувања на свети четириесет маченици“.

Инаку, овој обичај е прво македонското културно добро кое од декември минатата година е впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство, што претставува значаен почеток на светска афирмација на македонското богато нематеријално културно богатство. 

22.03.2014 - 10:23
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега