Во Грција се очекува уште еден смртоносен бран на грипот

 

Грција стравува дека  нови случаи на грип ќе се пријавуваат до Велигден, веројатно предизвикувајќи уште смртни случаи и сериозни компликации.

Грчкиот Центар за контрола и превенција на болести соопшти дека вирусот досега одзеде 98 човечки животи, а уште 48 пациенти се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега.

Поголемиот дел од жртвите не биле вакцинирани, иако припаѓале на повеќе ризични групи.

Повеќето од починатите биле пациенти со респираторни проблеми или кардиоваскуларни болести

20.03.2014 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега