Шилегов помагал за бизнис на СЕМОС
Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов од релативно анонимна фигура исплива на површина во јавноста во последните неколку месеци, пишува Нетпрес.
Според порталот, она што е крактеристично за него е дека иако тој сега и стана познат на јавноста, Шилегов има долгогогодишни ангажмани и е ставан на одлучувачки позиции од Владите на СДСМ. Дека Шилегов работел како продолжена рака на режимот на Црвенковски и СДСМ покажува неговата работа како претседател на второстепената комисија за жалби по јавни набавки во Владата на Република Македонија во периодот на последната влада на СДСМ. Тоа значи дека за секоја јавна набавка од секој орган на владата за која имало незадоволство и била обжалена одлучувал токму Шилегов. Меѓудругото да потсетиме се работи за период во кој на јавноста познати и се десетици случаи на незаконски јавни набавки и одлевање на стотици илјади евра во непознат правец, за што за неколку денес има и судска разрешница. Еден покарактеристичен случај до кој дојде Нет прес е Решението на второстепената комисија за јавни набавки на кој стои потписот на Шилегов во кој се уважува жалбата на СЕМОС Компјутери кој пак ја обжалува одлуката на Комисијата за јавни набавки на Централниот регистар кој ја исклучил фирмата СЕМОС од меѓународниот повик кој е за набавка на компјутерска опрема. Со одлуката на Шилегов СЕМОС се враќа во игра за огромниот тендер иако претходно била исклучена фирмата од постапката.
Зошто СЕМОС е фирма фаворит на Шилегов
СЕМОС е фирма во која сопственички удел и акции има сопругата на Бранко Црвенковски, Јасна Црвенковска. Капиталот и сопственичкиот удел во фирмата низ годините постојано растеше и се зголеми во текот на годините (во одреден период до 30 отсто). Оттука одлуката на Шилегов да се врати во игра СЕМОС и да му се уважи жалбата отвара дилема дали Шилегов одработувал за интересите на Бранко и СДСМ, и дали неговиот подоцнежен подем во кариерата е заслуга на претходно сработеното за интересите на партијата?
Истовремено ова не единствениот случај каде Шилегов одлучувал во полза на интересите на фирми кои се блиски до СДСМ. Така пред извесен период медиумите објавија документ дека Шилегов ја одбива жалбата за набавка на гориво за затоплување на училиштата во општина Струмица на Макпетрол и бизнисот доаѓа во рацете на фирмата Јавор Шпед во сопственост на Горан Крстев бизнис партнер на Заеви, инаку косопственик со братот на Зоран Заев, Вице Заев во фирмата Сара Јавор Инжињеринг и еден од осномничените, а потоа и аболициран за аферата Глобал, тешка 8 милиони евра. Со ова Шилегов го одбива Макепетрол и дава работа на фирмата на бизнис партнерот на Заеви која 20 пати помала. Колку вакви бизниси се рапсределени на луѓе блиски до СДСМ останува енигма.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа