Манијак нападна позната глумица
Глумицата Катерина Радвојевиќ се најде на мета на манијак сред бел ден во близина на кафе-бар во Белград. Непознатиот маж прво ја фатил за рака, а потоа почнал да ја фаќа и за градите и задникот дедека таа непрекинато вриштела.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, глумицата постојано во последните неколку дена била следена од овој опседнат нејзин обожавател, кој со недели наназад шетал околу нејзината зграда со цвеќе во рацете.
За настанот просведочи и едно лице кое се нашло во моментот на местото каде била нападната Радвојевиќ.
„Беше ужасно! Јатарина толку силно викна што сите вработени од околните локали излегоа надвор за да видат што се случува. На почетокот никој не ја препозна, па мислеа дека станува збор за заљубена двојка. Но, кога ја здогледаа поубаво, сфатив дека станува збор за манијак“, вели сведокот.
„Малку недостигаше да падне на земја. Ја стисна за да ја прегрне и сакаше по секоја цена да ја бакне. Кога ја фати за градите и задникот, таа му се закани дека ќе викне полиција и му порача да се тргне и да ја остави на мира. Кога човекот се обиде да ја смири работата со приказната дека сака само подобро да се запознаат, таа успеа да се ослободи и да замине во непознат правец“, дополни сведокот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа