Го спаси од затвор: На заминување Бајден си го помилува својот син
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша помилување на неговиот син Хантер, кој чекаше изрекување казни во случаите за нелегално поседување на огнено оружје и за затајување на данок.
„Ниту една разумна личност која гледа на фактите во случаите на Хантер не може да дојде до друг заклучок освен овој – Хантер е издвоен исклучиво затоа што е мој син и тоа е погрешно“, изјави доцна синоќа Бајден, споменувајќи ја „правосудната грешка“, иако во неколку наврати рече дека нема да даде претседателско помилување на синот.
Хантер Бајден (54) се изјасни виновен во септември за затајување на данок пред судот во Лос Анџелес, со што избегна судење.
Поранешниот бизнисмен и адвокат, кој сега се занимава со сликарство, се соочи со една точка од обвинението за затајување на данок и две точки за лажна пријава за неплаќање на данок од 1,4 милиони долари во последните 10 години.
Најмладиот син на Џо Бајден, оваа година веќе е осуден за лажење за својата зависност од дрога при купување на оружје. Прекршокот е сторен во државбата Делавер, упориште на Бајден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа