Обиле автомобил во скопски Крапош - ги фатиле веднаш

 

Две лица се приведени веднаш откако извршиле тешка кражба во автомобил во скопски Карпош, информира МВР.

На 02.12.2024 околу 03 часот во Скопје, на територија на Карпош, од страна на полициски службеници од ПС Карпош биле лишени од слобода М.Т. (31) од Скопје и Б.Н. (27) од Скопје поради сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба“. Веднаш по добиена пријава околу 02.35 часот дека две лица извршиле тешка кражба од патничко возило на територија на Карпош, преземени се соодветни мерки и активности и извршителите се лишени од слобода, а кај нив се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава - се вели во соопштението на МВР

02.12.2024 - 09:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега