МВР најавува пријави за учесниците во нередите на протестот на стечајците
За време на денешниот протест од страна на Здружението на стечајни работници и технолошки вишок-УНИТ поддржано од неколку невладини организации во повеќе наврати од страна на присутните беше нарушен јавниот ред и мир и тоа со обид за демолирање на заштитната метална ограда, како и туркање на кордонот полициските службеници кои го обезбедуваат протестот, соопшти денеска МВР.
Од страна на полициските службеници е идентификуван и легитимиран еден од сторителите и против него, како и против организаторот на протестот ќе се поднесат соодветни пријави.
- Околу 15,00 часот поголема бројка од присутните на протестот се разотидоа, а во моментот мирно простираат помал број лица, стои во соопштението од МВР..
Протестот, на кој учествуваа околу 600 стечајци, започна од пред зградата на Сојузот на Синдикати на Македонија, а потоа учесниците на простестот се движеа кон Собранието на Република Македонија и продолжија кон зградата на Владата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа