За една недела во Албанија најмалку 13 жртви
Во текот на изминатата недела споредалбанската полициска статистика во врска со убиствата и сообраќајните несреќи кои биле евидентирани животот го загубиле најмалку 13 лица додека 63 други се повредени.
Според онлајн изданието на весникот „Шекули“, бројот на жртвите е поголем. Тврдејќи го ова, весникот прави споредба на полициските и извештаите на дописниците од теренот.
-Во полицискиот извештај се наведува дека се случило едно убиство и едно тешко ранување со последица смрт, наспроти црната хроника од минатата недела во која се јавува за најмалку три убиства, наведува „Шекули“.
Во оваа бројка не се опфатени лицата кои починале од предозираност со дрога и при други инциденти што се случиле на територијата на земјата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа