Венизелос очекува помош од Николиќ за спорот со името
Шефот на грчката дипломатија, Евангелос Венизелос, денеска во Белград изјави дека очекува помош од српскиот претседател Томислав Николиќ за решавање на спорот за името меѓу Атина и Скопје, со оглед на тоа дека „лично многу придонесол за воспоставување стабилност и пријателски односи во регионот“.
Венизелос денеска во Белград, од каде како актуелен претседавач на ЕУ ја почна турнејата низ земјите од Западен Балкан, освен со Николиќ се сретна и со премиерот Ивица Дачиќ и со првиот потпретседател на Владата на Србија Александар Вучиќ.
Венизелос од Белград заминува за Приштина, а потоа за Скопје. Во Македонија ќе се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, со шефот на дипломатијата Никола Попоски, како и со лидерите на ДУИ Али Ахмети и на СДСМ Зоран Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа