ВНИМАВАЈТЕ: Нова измама се шири на Балканот!
Хрватската полиција ги предупредува граѓаните на новите измами по пат на пошта.
Имено, на некои граѓани на врата им дошло писмо на кое стои напомена за „тужба“, а за да се преземе мора да се плати неколку стотини куни, а откако граѓаните ќе ги отвореле писмата во нив се наоѓале реклами за некој производ.
Полицијата апелира до граѓаните да не наседнуваат на оваа измама, поточно да не плаќаат за никакви писма.
Писмата станале се почести, па затоа внимавајте бидејќи и оваа измама може многу бргуда се рашири на Балканот.
18.02.2014 - 14:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа