Андол парацетамол и други лекови ќе се продаваат и во супермаркети и бензински

 

Министерството за здравство заедно со фармацефтите изготви листа на лекови кои ќе можат освен во аптеките, да се набават и во супермаркети и на бензински станици.

Како што денеска информираше министерот за здравство Никола Тодоров, се работи за лекови кои се безбедни за конзумација и граѓаните можат да ги купат и без рецепта.

„Со законските измени овозможено е продажба на лекови од ОТЦ листата која што е направена според критериумите во САД и европските земји. На овој начин, лековите ќе бидат подостапни во реоните кои што се подалеку од аптеките или каде што има помала населеност во тие места", изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

Супермаркетите и бензинските пумпи кои сакаат да продсаваат вакви лекови треба да се регистрираат во Министерството за здравство, за да бидат подложни на контроли од страна на бирото за лекови. Станува збор за 108 производи, а меѓу нив се андол 300, партацетамол, ефералган, линекс, линекс форте, проспан, бромлес, витамини и други.

18.02.2014 - 13:23
Фото: 
правдина.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега