Венизелос: Ќе направиме се, Србија да не заостанува во евроинтеграцискиот процес!
На денешната средба помеѓу грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос и српскиот премиер во оставка Ивица Дачиќ изразија надеж дека Србија за кратко време ќе ги исполни условите и во 2020 година ќе стане членка на ЕУ.
Венизелос вети дека неговата земја за време на претседавањето со ЕУ ќе направи се Србија да отвори што е можно повеќе поглавја.
- Ние ќе направиме се, иако во тек е предизборна кампања, Србија да не заостанува во евроинтеграцискиот процес и во реформите кои треба да ги спроведе, како и дијалогот со Приштина, истакна Дачиќ на заедничката прес-конференција со шефот на грчката дипломатија.
Тој додаде дека Србија сака до 2018 година да ги исполни сите технички предуслови и критериуми, а во 2020 година да може да стане членка на ЕУ.
Венизелос нагласи дека Атина, и по завршувањето на мандатот како претседавач со ЕУ, ќе направи се што е потребно за да се задржи ритмот на преговорите со Србија на високо ниво.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа