„Ти благодарам мамо“ - неколку работи кои никогаш не се забораваат

 

Мајката е најголемата жртва за своето чедо, никогаш нема да ве изневери, да ве повреди или да ве напушти па поради тоа никогаш немојте да заборавите да и се заблагодарите. Еве за кои работи треба да и кажете „Блгодарам“:

1. За секојпат кога таа беше ваша најдобра пријателка, психијатар, фризер и советник кога никој друг не можеше да ви помогне.

2. За секое простување кога заборававте да ѝ се јавите.

3. За секоја детално ислушана ваша драма и покрај тоа што ја чекале уште најмалку 3 важни работи.

4. Затоа што таа е личноста во која утре вие сакате да се претворите!

5. Затоа што има неверојатни заштитнички способности.

6. За сите пати кога викавте по неа само за да ви ја најде омилената маица, капа, џемпер, шал и што уште не. И на крајот, секогаш магично ви го носеше она што ви недостасуваше.

7. За сите домашни јадења во кои буквално се давевте од убавина.

8. За издржливоста и упорноста која ја имаше додека бевте во неподносливата средношколска фаза.

9. За вашите браќа и сестри кои неизмерно ги сакате.

10. Затоа што таа секогаш беше ваш најголем и најверен фан, кога сите други мислеа дека си го трошите времето залудно.

11. За сите ситуации кога не успеавте да се разберете со вашиот татко, а таа без размислување одеше против него само за да ја врати насмевката на вашето лице.

12. Затоа што е најискрената личност која некогаш сте ја запознале.

Извор: Курир

13.02.2014 - 20:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега