Се огласи Дритон Кучи, полицијата го бара за „Пулс“: Со првиот лет ќе бидам во Скопје

 

Амбасадорот на Македонија во Норвешка и Исланд, Дритон Кучи, со првиот лет се враќа за Скопје, откако од семејството дознал дека полицијата тропнала на неговата врата во Скопје.

Тој се огласи на Фејсбук, откако во медиумите се појавија информации, дека е дел од лицата кои се опфатени со проширувањето на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-Денес семејството ме информираше дека претставници на Министерството за внатрешни работи биле во мојот дом во Скопје, барајќи информативна средба. Немам што да кријам и секогаш сум одлучувал да постапувам со чесност и смиреност, дури и кога околностите биле тешки. Секогаш сум избирал да одам по прав пат, дури и кога тој бил најтежок. Зборував кога другите молчеа, и стоев исправен дури и кога се чувствував сам. Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред. Тука сум. Со мирна совест, чист пред себе, со непоколеблива волја – пред Бога и пред законите на државата, објави Кучи на Фејсбук.

Куќи во период од 2016 до 2018 беше министер за економија.

12.04.2025 - 14:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега