Се бараат четири притвори, седум куќни притвори, еден од новите осомничени не е во Македонија: нови детали за пожарот во Кочани

 

Тринаесет обвинители работат на предметот за пожарот во „Пулс“ во Кочани. Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, рече дека за пожарот под истрага се сопственици, менаџери, корисниците на пиротехниката, обезбедувачите. За континуираните пропусти кои допринеле клубот да работи без да исполнува услови, осомничени се ексминистри, поранешни и сегашни директори, инспектори, поранешни градоначалници. Коцевски рече дека барале мерки за обезбедување за 19-те новоосомничени лица.

„За четворица се бара притвор, за седум мерка куќен притвор во комбинација со забрана за остварување на комуникација, а за уште седум лица се бараат мерки на претпазливост, а еден осомничен не е ни во Македонија. Се испитуваа повеќе линии на одговорнсот“, рече Коцевски.

„Покрај тројцата градоначалници, основани сомненија има за пропусти и кај тројца градежни инспектори (од општина Кочани) кои не извршиле никаква инспекциска контрола на објектот, кој незаконски бил пренаменет во угостителски објект“, рече Коцевски.

Од Дирекцијата за заштита и спасување, осомничени се три лица, бидејќи низ годините ниту еднаш не спровеле мерки на набљудување, следење и инспекциски надзор, рече Коцевски.

„Со своето неизвршување на должностите, спротивно на јавниот интерес, граѓаните ги изложиле на опасност по нивното здравје и живот“, додаде Коцевски.

Коцевски посочи дека осомничени се двајца државни секретари, министер за економија и три службени лица кои работеле во сектор за угостителство и туризам кои работеле во Министерството за економија.

„Овозможиле „Пулс“ да добие лиценци и незаконски да продолжи да врши угостителска дејност“, додаде Коцевски и рече: „Актуелниот министер за економија не е опфатен оти сопственикот не иницирал постапка за лиценца“.

Четири инспектори од Пазарна инспекција се исто така осомничени.

„Претходно, осомничени се и други три службени лица-инспектори. Проверките за директорите на Пазарната инспекција продолжуваат, бидејќи во нивни мандат работел клубот со фалсификувана лиценца, како и други лиценци кои се проверуваат“, додаде Коцевски.

Се води истрага 47 лица, и три правни лица.

„Истрага се води и против седум полициски службеници. Се преземаат истражни дејствија“, додаде Коцевски.

13.04.2025 - 12:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега