ДУИ по новиот бран апсења за пожарот во Кочани: Институциите водат селективна и етнички мотивирана истрага против Албанците
Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) реагира откако утрово беа уапсени повеќе нејзини членови, поранешни државни функционери, кои се осомничени во истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Уапсени се поранешните министри за економија од редовите на ДУИ: Ваљон Сарачини Беким Незири и Дритон Кучи, како и други поранешни и сегашни функционери на Дирекцијата за заштита и спасување.
ДУИ обвинува за „еднострана и неправедна агресија“ од страна на институциите на државата, насочена кон Албанците. Во соопштението на партијата се вели дека премиерот, министерот за внатрешни работи и државниот обвинител „селективно ја насочиле истрагата против Албанците кои биле дел од институциите на системот, во каква било форма и во кое било време“.
ДУИ обвинува дека станува збор за „освета, а не правда“, и дека институциите се целосно „заробени од политички и етноцентрични интереси“. Според партијата, оваа постапка „не таргетира само поединци, туку целиот албански народ, без разлика дали се работи за ДУИ, други албански политички партии или поединци во институциите“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа