Приведен жител на Смојмирово: Предизвикал сообраќајка, па избегал – полицијата го фатила со 2,63 промили алкохол

 

На 10.04.2025 година во 23.35 часот во село Смојмирово, беровско, полициски службеници од ОВР Берово го привеле Т.П.(32) од истото село поради тоа што откако првично управувајќи моторно возило „Ауди“ на патот од село Чифлик кон село Смојмирово околу 22.00 не застанал на даден знак „стоп“, набргу бил сопрен и при преглед е констатирано дека управувал под дејство на алкохол, со измерени 2,63 промили алкохол во крвта, информира МВР.

Воедно, истото лице во 19,20 часот во Берово на улицата „23 Август“ предизвикал сообраќајна незгода, удирајќи во патничко возило „Фолксваген“ управувано од А.Т. (36) од Берово, по што го напуштил местото на настанот.

За случајот бил известен надлежен јавен обвинител од ОЈО Берово и по целосно документирање на случајот против Т.П. ќе следува соодветна пријава по член 297 од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

12.04.2025 - 14:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега