Венизелос ќе ги презентира приоритетите на Грчкото Претседателство со ЕУ

Во рамките на грчкото претседателство со Европската унија, претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Хајрула Мисини ќе учествува на Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ-КОСАК. Конференцијата ќе се одржува денеска и утре во Атина.

Според информациите од македонското Собрание, министерот за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос на конференцијата ќе ги презентира Програмата и приоритетите на грчкото претседателство со Унијата во следните шест месеци, по што ќе следи дускусија.

На овој состанок во Атина, ќе се расправа и за улогата на европските институции во зајакнување на контактите со европските граѓани.

26.01.2014 - 10:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега