Прв пат уплатил ливче и веднаш “лапнал“ пари - му се посреќи на виничанец
Петтото коло на Новолото одржано на 15.01.14, ја донесе и првата премија 6+1 годинава. Добитникот на оваа премија е Игор Веселинов од Виница. Тој не е вработен, а кратко пред да ја освои премијата се вратил од Шведска. Таму работел како возач на камион. Интресен е податокот дека со играта во Новолото дебитира во игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Бројките ги бирал сосема случајно, а уплатата на среќното ливче ја направила неговата мајка, која пак е редовен играч на игрите на среќа. Таа дури и го убедувала малку повнимателно да ги бира бројките кои ќе ги игра. Но, Игор не го послушал нејзиниот совет, сметал дека има добра комбинација на бројки, која и се покажа како добитна. И самиот нагласува дека оваа комбинација одсега ќе биде неговата редовна со која и ќе игра. Извлекувањето на 5тото коло кога и ја освои премијата 6+1 не го следел. За тоа била задолжена неговата мајка која и му ја соопштила радосната вест.
Само за потсетување неодамна, ја имавме рекордната премија 6+1, во 66то коло, по што следеше реприза на оваа премија и во 73 коло на НовоЛото 7/34, мината година.
Државна лотарија на Македонија ве поканува уште вечерва да ги тестирате вашите среќни бројки како потенцијална среќна НОВОЛОТО 7/34 комбинација. Со задоволство Ве потсетуваме дека фондот за 7ка е и понатаму во пораст. Во вечерашново 8мо коло фондот ближи до 19 и пол милиони денари или над 300 ијлади евра, па затоа погледнете го вечерва од 20ч со прекрасната Марјана на Сител телевизија. Уплатата за него е во тек. Со среќа
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа